Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Дамјан Марковски: Играњето во Вардар е голем предизвик, еден ден сакам да настапувам за првиот тим на овој клуб

Дамјан Марковски: Играњето во Вардар е голем предизвик, еден ден сакам да настапувам за првиот тим на овој клуб

Вардар фанс во следниов текст ќе ве запознае со еден од подобрите поединци  на Вардаровата генерација родени “2003“ година. Се работи за Дамјан Марковски кој е еден од носителите на играта на оваа генерација. Инаку игра на позицијата централен дефанзивец. Ние како медиум кој известува за сите младински категории во фудбалскиот клуб Вардар, продолжуваме со интервјуа од младите надежи на црвено-црните, кои се иднина на Вардар и Македонскиот фудбал.

-Уште од мали нозе фудбалот ми беше на прво место. Оваа голема желба и поттикот кон фудбалот е мојот татко кој како мал тренирал фудбал во неколку фудбалски клубови, меѓу кои и во Вардар пет години. Моите први фудбалски почетоци беа во ФК Вардар под водство на тренерот Филип Арсовски со што се исполни и мојот сон. Кога ке влезам на терен заборавам на се и се повеќе се сконцентрирувам на што подобра игра. Тоа чуство е неописливо и  еден ден сакам да го носам тој црвено црн дрес за првиот тим на Вардар.

Јуниор лигата позитивно влијаеше на сите учесници, кои со нетрпение ја очекуваат и новата натреварувачка сезона.

-Проектот “Јуниор лига“ на ФК вардар е одличен проект, каде на првото место владее големо другарство од кои запознав многу другарчиња со кои може еден ден да играме во исти клуб. Со овој проект се откриваат нови таленти од целата држава.

Вардар е синоним за спортот во Македонија, па гордост на секое дете е да игра за овој голем клуб. Изминатата сезона во детската лига стигнаа во најдобрите осум екипи.

-За мене играњето во Вардар е голем предизвик кој уште од мали нозе Вардар ми бил омилен клуб и еден ден се надевам дека ке бидам дел од тоа големо семејство. Името Вардар за мене е победнички клуб број еден во Македонија. Изминатава сезона имавме прекрасна игра и одлични резултати, но во 1/4 финалето среќата не беше на нашата страна. Иако бевме задоволни од нашата игра сепак секогаш може подобро.

Во периодот од 4-12-ти август оваа генерација беше на камп во Охрид, каде се подготвуваше за новата сезона. Таму одиграа и еден контролен натпревар против екипата на Фер Плеј кој го добија со резултат 3:0. Првиот предизвик за нив е турнирот во Бугарија.

-Летниот камп во Охрид помина одлично, но и напорно бидејки имавме двапати на ден тренинг. Подготовките со тренерот Томче Трајановски се на високо ниво, секој ден работиме ново. Мислам дека напорната работа ке покаже добар резултат на турнирот во Бугарија, изјави Дамјан Марковски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски