Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ќе види ли Вардар сонце во Русија!?
Ќе види ли Вардар сонце во Русија!?

Ќе види ли Вардар сонце во Русија!?

 Тимот на Вардар вечерва го очекува тежок испит против големиот Руски тим на Зенит. Пред Вардар стои голем предизвик, никако несмее да се повтори играта од Скопје каде што Вардар направи големи грешки а еден голем тим како Зенит тоа знаеше умешно да го искористи.

Според најавите на Јаневски, Вардар ќе одигра без “бело знаме”, односно ќе игра офанзивно и допадливо. Пред Вардар стои и уште еден голем предизвик, како да се справат со студеното време и ниските температури.
Според последните информации, Марковиќ и Николов ќе играат на средината на теренот, а пак во одбраната ќе бидат Велковски и Новак, а по страните Демири и Хамбарџумјан.

Натпреварот започнува од 19.00 часот со пренос на МТВ-1.