Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар се полуфиналисти во Купот, совладана Македонија Ѓ.П и на реваншот
Пионерите на ФК Вардар се полуфиналисти во Купот, совладана Македонија Ѓ.П и на реваншот

Пионерите на ФК Вардар се полуфиналисти во Купот, совладана Македонија Ѓ.П и на реваншот

Денес на теренот на Академијата се одигра реванш натпреварот од 1/4 во купот, кај генерацијата родени “2001“ година. Вардар успеа да слави и на реваншот против Македонија Ѓ.П, овој пат со резултат од 3:1.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Николов, Ѓурковски, Манасиевски, Спировски, Димоски, Андоновски, Илиевски, Хасановиќ Игнатов, Ибиши.

1

Добрата предност на Вардар од првиот натпревар одигран во Ѓорче ни дозволуваше повеќе простор за игра. Успеавме да го отвориме резултатот на 1:0, откако Малик Хасановиќ го лобуваше голманот на Ѓорче, за радост на црвено-црните, кои со една нога веќе беа во полуфиналео на купот. Гостинската екипа имаше добра шанса да го израмни резултатот, но Матеј Андов покажува дека е во одлична форма и брани зицер удар на противникот и го остава Вардар во водство.

3

Уште една шанса за одбележување за Македонија Ѓ.П, кога еден од нивните играчи биеше покрај нашиот гол. Големиот број на прекршоци што ги правеше противникот не ни дозволуваше многу да се изнаиграме на овој дуел, но Вардар постигнува нов гол, за веќе предност од 2:0. Откако во противничкиот шеснаесетник соборен беше Леонид Игнатов, судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на казнениот удар, за водство од 2:0 беше Бојан Димоски. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

2

Првиот директен удар во второто полувреме го имаше противникот и тоа од слободен удар, но на место е Матеј Андов кој успешно одбрани. Можевме да ја зголемиме предноста, доколу Ибиши реализираше, на нафрлена топка од десната страна на Игнатов, сепак од непосредна близина Ибиши не успева да погоди, односно голманот на Ѓорче успешно одбрани. Први две измени во нашиот состав. На местото на Игнатов и Димоски, во игра влегоа Ристовски и Астарџиев. Вардар постигна уште еден гол, за предност од 3:0, а Џемаил Ибиши заслужи денес да погоди и тоа го стори, откако доби одлична топка од Хасановиќ. Тренерот Тодоровски им даде шанса за настап на сите играчи. Во игра влегоа и Асенов, Цури, Апостоловски и Кртовци, на местото на Николов, Андоновски, Илиевски и Спировски. До крајот на мечот, Ѓорче успева да постигне гол и да го намали резултатот на 3:1. Имавме можност за четврти гол, и тоа преку Хасановиќ кој имаше зицер шанса, која остана нереализирана. Натпреварот заврши со конечен резултат од 3:1.

5

Вардар убедливо го доби овој двомеч во 1/4 на купот против екипата на Македонија Ѓ.П. На првиот дуел одигран на гостински терен исто така славевме со резултат од 0:2. Следен дуел во првенството за нашие пионери, е против екипата на Шкендија.