Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на Вардар го минаа ФК Еуроспорт во 1/4-фин. двомеч и обезбедија место 1/2-фин. од Купот
Пом.пионери на Вардар го минаа ФК Еуроспорт во 1/4-фин. двомеч  и обезбедија место  1/2-фин. од Купот

Пом.пионери на Вардар го минаа ФК Еуроспорт во 1/4-фин. двомеч и обезбедија место 1/2-фин. од Купот

Денес  во Куманово, ФК Вардар со своите  помладите пионери  одиграа натпревар од 1/4-финалето во Купот на Република Македонија против екипата на ФК Еуроспорт од Куманово. Нашите момци обезбедија минување во 1/2-финалето во овој  реванш. Тие од Скопје “носеа“  високи 4-0  па и покрај поразот денес од 3-0 обезбедивме место  во полуфиналето од националниот Куп.

За нас овој дуел го почнаа: Величковски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Костовски (Капитен),  Крстевски, Трајановски, Стојановски, Омерагиќ, Речица, Салиу и Петејчук. 

Првиот дел заврши мирољубиво без постигнати голови од страна на двете екипи, што ни одговараше бидејќи ние имавме четири гола предност од скопското соочување во првиот дуел.  Домаќинот се обиде во вториот дел да фрли се на една карта со цел да се извади од “безната“, па така по само пет минути игра поведде со 1-0. Ние со дефанзива се обидовме да го одиграме овој втор дуел. На 15.минути до крајот кумановчани поведоа со  2-0 што беше сеуште поволен резултат за нас. Во завршните минути имавме “право“ да примиме само еден гол и да обезбедиме пласман понатака. Домаќинот погоди за 3-0 во последната минута што не беше доволно за продолжение на нивното натпреварување оваа сезона во најмасовното натпреварување. Вардарци обезбедија и покрај овој пораз место во топ-4 тимови кои ќе се борат за големиот Пехар во Купот на Република Македонија во категоријата на помлади пионери.