Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Русите го затварат стадионот за вечер, Вардар ќе игра на плус 20 степени!
Русите го затварат стадионот за вечер, Вардар ќе игра на плус 20 степени!

Русите го затварат стадионот за вечер, Вардар ќе игра на плус 20 степени!

Македонскиот шампион Вардар вечерва од 19 часот ќе го одигра петтиот свој меч во дебитантската сезона во Лига Европа и тоа на гости во Санкт Петербург, кај веќе пласираниот Зенит, кој уште во минатото коло обезбеди пролетни елиминации во второто по ранг натпреварување.

Руската зима вардарци ја почувствуваа на вчерашниот тренинг на „Петровски“. Во Санкт Петербург е поларно навечер, а дуелот е од 21 часот по руско време. Но, фудбалерите нема да имаат мака за да играат добар меч, затоа што на стадионот „Крестовски“ ќе биде – пролет!

Зенит објави дека стадионот, кој има подвижен кров ќе биде затворен, поради поларните температури, па на стадионот условите за игра ќе бидат идеални – 20 степени целзиусови…  продолжи со читање на sport1.mk