Први во напад беа гостите од Веспрем, ние одигравме одлична одбрана, а ние по долг напад преку Горбок поведовме во 3 минута од мечот. Штербик брани првпат на мечот и тоа фантастично, а од контра тоа го наградува Тоскиќ со гол за 2-0. Гостите дури во 5 минута го даваат првиот гол и тоа од пенал. Веспрем изедначува од контра на 2-2, но Дибиров веднаш враќа со гол од пенал за 3-2. Во продолжение моменти на двата голмана Алиловиќ и Штербик бранат по два удара. Веспрем успева да го преземе водството со два последователни гола поведува на 3-4 во 10 минута од мечот, но Дибиров му “испорачува сув лист“ на голманот на гостите за 4-4, а по добрата одбрана исто таков “подарок“ само од спротивната страна доби Брумен. Добивме казна од играч помалку 2 минути, во истата одигравме солидно и примивме само еден гол, а пак во напад со комплетен состав потоа Горбок погоди за 6-5. Силниот гостински тим враќа со неверојатна серија од 1-7 и во 26 минута го презема водството, на семафорот во Јане Сандански резулатот е 7-12, по што Раул Гонзалес го зема својот втор тајм-аут во обид на одмор да се отиде со пристојна негатива за во вториот дел да се обидеме да дојдеме до поволен резулат пред патувањето на реваншот. И по минутата одмор Веспрем ја покажа силата на нивната одбрана, повторно по којзнае кој пат промашуваме. Одигруваме и ние конечно добра одбрана, а од контра ублажува Манасков со гол за 8-12, а во последната секунда Карачиќ намалува на 9-12 за оптимистички одмор пред првиот дел.
Во првиот напад преку Горбок намалуваме на пристојни 10-12 по само 50 секунди игра во вториот дел. Во вториот дел игра гол за гол по 5 минути резулатот е 13-15, а во 7 минута со голот на Карачиќ доагаме на 14-15 и ерупција во Јане Сандански.Во 39 минута преку Дибиров изедначуваме на 16-16, на нашиот гол влегува Милиќ кој го менува Штербик. Веспрем повторно се враќа од безната со серија 1-4 и поведува со 17-20 во 43 минута. Во 47 минута резулатот на семафорот беше 19-23 а во последните 10 минути влеговме со резулат 22-24 по погодокот на Шишкарев од контранапад. Судиската арбитража е некорекна за нас, селедеа по еден погодок во двете мрежи во следните 4 минути, ние одбранивме напад и намаливме на 24-25 и добивме 2 минути играч повеќе. Наџ и под пасивен погодува за 24-26, но Дибиров враќа со неверојатен гол и од врориот напад под пасивен погодува Наџ. На резулат 25-28 за Веспрем добиваме прилика од како судиите испатие еден нивни играч на клупата во следните 2 минути, Душебаев тоа го користи за гол. Штербик брани и ни дава шанса , која денес одличниот Карачиќ не ја користи бидејќи шутира крај голот. Mечот заврши 26-29.