Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Голема победа за пионерите на ФК Вардар, со три бода се враќаме од гостувањето во Струмица.
Голема победа за пионерите на ФК Вардар, со три бода се враќаме од гостувањето во Струмица.

Голема победа за пионерите на ФК Вардар, со три бода се враќаме од гостувањето во Струмица.

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар направија голем чекор кон освојување на титулата во првенството. Денес избраниците на Сашо Тодоровски забележаа триумф на гостувањето во Струмица, против екипата на Академија Пандев, со убедливи 0:3. Марко Ѓорѓиевски постигна два гола, додека еден беше дело на Кристиан Ристовски.

Ова е многу значаен триумф за црвено-црните во борбата за титулата со екипите на Шкупи и Шкендија. Уште по првото полувреме ги поставивме на место работите, кога на одмор заминавме со водство од 0:2. За нецели десет минути, голгетерот Ѓорѓиевски успеа на два пати да ја погоди мрежата на Академија Пандев. Најпрво во 27 минута погоди за 0:1, а потоа во 36 минута истиот играч зголеми на 0:2, што беше и конечен резултат по првото полувреме.

Сите дилеми околу конечниот победник ги решивме на почетокот на второто полувреме, кога во 53 минута Кристиан Ристовски зголеми на високи 0:3. Академија Пандев беше далеку од рамноправен противник на овој меч, па бодовите заслужемо им припаднаа на Вардарци. Со овој триумф, нашите пионери се со големи шанси на крајот од сезоната да завршат на првото место на табелата. Следната сабота не очекува уште еден дерби натпревар, со директниот конкурент за трофејот. На домашен терен треба да ја пречекаме екипата на Шкупи, во рамките на заостанатиот меч од 17 коло.

ФК Вардар: Велковски, Спасиќ, Каркалашев-Трајковски, Ѓорѓиески, Рамиќ, Дарлишта, Али Адем, Ѓорѓиевски, Бериша, Ристовски, Пешевски.