Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Десет голови во мрежата на Чаир, од ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига
Десет голови во мрежата на Чаир, од ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига

Десет голови во мрежата на Чаир, од ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига

Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички продолжија натпреварите од детската фудбалска лига. Активни со настап беа фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2005“ година. Тие забележаа две победи, од кои едната ја добивме со службен резултат поради непристигнувањето на екипата на Смиљковци.

Така денес избраниците на Зоран Петковски одиграа само еден натпревар и тоа ФК Вардар (2), против екипата на Чаир, која ја добивме убедливо. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 10:0. Разликата во квалитет беше очигледен на двете страни, па црвено-црните без поголеми проблеми ја совладаа противничката екипа. По првото полувреме имавме водство од 4:0. Седум различни играчи се запишаа во листата на стрелци. Бојан Јаневски постигна хет-трик на овој натпревар, додека Горјан Цветков постигна 2. На овој натпревар погодија уште: Дамјан Коневски, Стефан Ристовски, Петар Пројкоски, Филип Крстиќ и Андреј Петровски.

Во текот на денешниот ден натпревари одиграа и Вардаровите генерации родени “2006“ и “2007“ година, додека генер. “2002“. “2003“ и “2004“ своите натпревари ќе ги одиграат утре на терените на фудбалската федерација на Македонија.