Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2006“ во детската лига, во ова коло “настрадаа“ екипите на Ново Лисиче и Маџари
Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2006“ во детската лига, во ова коло “настрадаа“ екипите на Ново Лисиче и Маџари

Продолжуваат победите за ФК Вардар генер. “2006“ во детската лига, во ова коло “настрадаа“ екипите на Ново Лисиче и Маџари

Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички, се одиграа нови натпревари во детската лига. ФК Вардар генерација “2006“ одигра два натпревари, на кои забележа убелдиви победи. Противници за избраниците на Игор Кралевски во денешното коло беа екипите на Ново Лисиче и Маџари. На двата дуели ги наполниме противничките мрежи и остваривме големи победи.

ФК Вардар (1) одигра натпревар со екипата на Ново Лисиче, на кој победи со резултат 6:1. Сигурна игра за нашите млади надежи со голема желба за надигрувања и победа. Ваквиот пристап во играта им донесе и сигурен триумф. Стрелци на головите беа Давид Голубов (2), Драган Јанкоски, Марко Николовски, Дамјан Крстевски и Максим Цониќ.

vardarfans pobeda

Со голем број на постигнати голови својот натпревар го заврши и ФК Вардар (2), но без примен погодок во дуелот со екипата на Маџари. Несомнено дека оваа генерација предводена од тренерот Кралевски располага со голем квалитет, кој го покажуваат на секој нареден натпревар и како одминува сезоната тие стануваат се посигурни и подобри. Уште една фудбалска лекција, овој пат настрада екипата на Маџари. конечниот резултат гласеше 8:0. Милош Спасовски одигра добар натпревар постигнувајќи хет-трик. Михаил Танчев беше стрелец на два погодоци, додека по еден беа дело на Данил Ордевски, Стефан Колоски и Михаил Николов.

Така фудбалскиот клуб на Вардар генер. “2006“ впиша две нови победи во оваа лига, со само еден и единствен пораз во оваа натпреварувачка сезона, што ги прави да бидат едни од најдобрите Вардарови екипи во лигата.