Црвено-црните денес во 14-00 часот играа меч во Охрид кај екипата на Младост Ц.Д во овој дуел однесовме победа со резулат 0-3, а по првите 45минути водевме 0-1. Вардарци на овој дуел настапиа со следниот состав : 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 7. Љамчевски, 16. Глигоров, 18. Ќеран, 19. Хамбарџумјан, 20. Николов, 70. Фелипе, 99. Којашевиќ
Црвено-црните тргнаа офанзивно уште по првата свиреж на судијата Бартон, изнудивме корнер по само 20 секунди игра во 3 секунда ја имавме првата шанса од корнер изведен од левиот агол на игралиштето нафрлува Којашевиќ со глава под пречка стрела Грнчаров, но Апостоловски исфрла во корнер. Следи целосна офанзива на на нашиот тим и нова шанса во 5 минута Љамчевски центрира од лево топката стига до Ќеран тој со глава шутира, но пак брани Апостоловски. Се играше 13 минута денес одличниот Љамчевски од лево шутна топката удри во раката на Конате судијата Бартон веднаш покажа пенал што донесе до реакција кај домачините. Изведувачот на пеналот беше Ќеран, тој лесно погодува во голот на ФК Младост. Имавме шанса и да зголемиме на два гола предност преку Попов кој шутна под пречка по асистенција на Николов сепак повторно Апостоловски уште еднаш успешно брани и исфрла во нов корнер за нас. Во продолжението целосно сме префрлени пред голот на домаќините доминираме и се обидуваме што порано да постигнеме уште еден гол. Убава шанса за црногорецот Којашевиќ во 33 минута од централниот дел пред голот на дистанца од 20 метри упати удар кој заврши над гредата од голот на Царев Двор. Голманот на домашните денес е брилијантен, Апостоловски го брани шутот на Хамбарѕумјан по асистенција на Којашевиќ во 42 минута од мечот.
Вториот дел почна со помирно темпо, но повторно целосната офанзива имаа избраниците на Гоце Седлоски. Вардарци имаат огромен процент на посед, но без посериозна шанса во почетните минути. Седлоски се обидува да смени нешто повлекува прв потег од клупата тој во прва измена кај Вардар на местото на Дамир Којашевиќ во игра го внесува Дарко Глишиќ во 57 минута . Се играше следната 58 минута во Охрид денес одличниот и активен Љамчевски центрира од левата страна на теренот топката дојде до Бобан Николов кој 6-7 метра ефектно погодува за нова радост и водство од 0-2 за нашиот шампион. Втора измена кај Вардар на местото на Драган Ќеран во игра влегува Филип Ивановски во 67мин. Доминиравме во продолжение и со офанзивна игра го чувавме водството од два погодока, убава шанса имаше Фелипе по одлична асистенција на Глишиќ кој умно спушти со глава по што бразилецот упати волеј удар кој заврши во пречката од голот на Апостоловски во 69 минута од мечот. Се играше 79. минута домаќините имаа слободен удар кој заврши во нашиот жив ѕид топката брзо ја пренесовме напред и успеавме со три играчи да дојдеме пред осамениот домашен голман по што сигурен “егзекутор“ беше Хофханес Хамбарџумјан со гол за 0-3. Победникот по овој гол беше дефинитивно познат, црвено-црните момци играа во продолжението рутинирано со голем број на подавања