Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Пролет со пресврт во второто полувреме го победи тимот на РК Вардар Јуниор, во супер лигата
Пролет со пресврт во второто полувреме го победи тимот на РК Вардар Јуниор, во супер лигата

Пролет со пресврт во второто полувреме го победи тимот на РК Вардар Јуниор, во супер лигата

Денес во спортскиот ракометен центар Кале продолжија возбудувањата во најсилната супер лига. Вардарци иако имаа предност по првото полувреме, во вториот дел не го повторија темпото на игра и загубија од екипата на Пролет 62.

Натпреварот започна со гол на Чурлевски, кој постигна два од првите четири погодоци за составот предводен од Пепи Манасков. Пролет успева во првите пет минути од мечот да поведе со 2:4. Ова водство на противникот не траеше долго време, најпрво црвено-црните го израмнуваат резултатот, за потоа со голот на Недановски да поведат со 5:4. На голот започна Филип Ивановски кој до тој период имаше три успешни интервенции. Тука Вардарци не застанаа продолжија со серијата на погодоци, за највисоко водство од 7:4, со голот на Вујачиќ. Пролет конечно по подолго време успеа да ја прекине серијата на Вардар. Во наредните 15 минути се одржуваше оваа позитива од три гола за Вардар, Ивановски беше одличен на голот успеа да скроти двоен удар на противникот од седум метри и со неговите 7 одбрани да го одржува својот тим во водство. Вујачиќ со својот трет погодок носи повторно предност од 13:10. Сепак неколку неискористени напади од наша страна во последните пет минути, му дозволија на Пролет на полувреме да замине со само еден гол негатива 14:13.

Второто полувреме започна со гол на Вујачиќ, но Пролет враќа со два гола за израмнување на резултатот од 15:15. Чурлевски не враќа во позитива, а најдобар момент на овој натпревар беше цепелинот на Јовчевски и Вујачиќ, кој со гол ја заврши црнагорскиот интернационалец. Кимевски е одличен на противничкиот гол, што му овозможва на Пролет да поведе со 16:18. Вујачиќ е наш најрасположен играч и најефикасен на теренот со 6 постигнати голови, кој го одржува Вардар во игра за победа. Ново израмнување во 48 минута, Чурлевски погодува за 19:19. Во наредните минути се играше гол за гол, но Пролет повторно успева да се одлепи на два гола позитива 21:23. Ивановски ја забележува 13 одбрана што му овозмужува на Мартин Манасков да го израмни резултатот на 23:23 на пет минути пред крајот. Кимевски беше јунакот за Пролет, кој најпрво му брани пенал на Вујачиќ, за во следната акција да скроти удар и на Поповски. Пролет имаше два гола предност на минута ипол. Конечниот резултат гласеше 23:26.

Нјаефикасни во составот на Вардар беа Вујачиќ и Чурлевски со 6 голови. Вардарци остануваат на шест победи во супер лигата.