Вчера на фудбалскиот терен во скопската приградска населба Марино се одигра мечот од првото пролетно коло во кадетската лига, на кој се сретнаа нашиот црвено-црн кадетски состав и врсниците од Работнички. Овој тежок дерби меч го добивме со единствениот погодок на вардаровото момче Трајчевски, популарно наречен од своите играчи “Робињо“. Нашиот кадет по погодокот и прославата со тимот отиде до клупата каде прими честитка од тренерот Влатко Колев, по што прослави во стилот на контраверзниот италијански напаѓач Марио Балотели (фото-2) .