Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за РК Бисинов и Академија 3 во рамките на Јуниор лигата
Победи за РК Бисинов и Академија 3 во рамките на Јуниор лигата

Победи за РК Бисинов и Академија 3 во рамките на Јуниор лигата

Викеднов се одиграа нови натпревари во ракометната Јуниор лига во спортскиот центар Јане Сандански. Победи во ова коло остварија екипите на РК Бисинов Вардар и Академија 3 во машка конкуренција, генерација родени 2000/01 година.

Во еден интересен натпревар, РК Бисинов беше поуспешен од тимот на Илинден Вардар со резултат 22:20. Дуелот започна со водство на РК Бисинов од 3:0, но во наредните минути Илинден заигрува подобро и успева да го израмни резултатот на 5:5 и 7:7. Бисинов успева со два погодоци во серија повторно да има предност од 9:7, која ја задржува до крајот на првото полувреме, кога на пауза се замина со резултат 10:8.

Вториот дел започнува повторно со два погодоци на Бисинов за највисоко водство од 12:8. Сепак Илинден не му дозволуваше на противникот пред време да го реши мечот и се доближува на гол негатива 14:13. До крајот на натпреварот се играше неизвесно, со гол за гол на двете страни. Предноста на Бисинов не беше поголема од два гола, која ја зачуваа до самиот крај. Конечниот резултат гласеше 22:20.

Уште еден интерсен натпревар помеѓу екипите на Академија 2 и Академија 3 во машка конкуренција. Поуспешни на крај беа Академија 3. Во најголем дел од првото полувреме резултатот беше израмнет или на стараната на Академија 3, иако во еден момент Академија 2 имаше водство од 6:5. Сепак Академија 3 успева со серија од три погодоци да има предност од 6:8. Ново израмнување следиме на мечот, за Академија 3 со подобар финиш да замине со водство од 9:12 по првото полувреме.

Вториот дел започна со гол за Академија 3 за највисоко водство на овој меч. Во средината на второто полувреме Академија 2 се враќа резултатски намалувајќи на само еден гол негатива 15:16. Сепак победничкиот тим прави нова серија, што беше клучна за конечниот триумф од 18:20.