Младинците на фудбалскиот клуб Вардар ги продолжуваат летните подготовки за новата сезона. Тие денес ќе одигаат нов тест-натпревар. Противник ќе биде новиот скопски второлигаш екипата на ФК Кадино која доаѓа од Општината Илинден.
Момците на Филип Деспотоски натпреватот ќе го одиграат попладне со почеток во 17-30 часот на теренот во населеното место Кадино. На голот на второлигашот ќе биде Методија Велковски, македонски репрезентативец кој во изминатата сезона (есенскиот дел) беше капитен и го бранеше голот на младинците на црвено-црните.