Во недела, на 8.ми септември со почеток во 17-30 часот ќе се одржи трка во Загреб, Хрватска. Истата е во организација на УНИЦЕФ-Хрватска, трката е од хуманитарен карактер стрествата собрани од котизација ќе бидат наменски искористени за родилиштата во Хрватска.
На истата Вардар ќе има свој преставник, станува збор за младиот атлетичар Игор Димитровски. Нашиот атлетичат е привремено ангажиран со работни обврски во Хрватска. Игор е член на клубот од 2012 година. Тој е атлетичар кој настапува на кратки и средни патеки. Тој реши по повод денот на независноста на Македонија да настапи на оваа трка на делницата во должина од пет километи.