Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со висока победа ФК Вардар генер.2007 на Томче Трајановски се “одјави“ за есенва
Со висока победа ФК Вардар генер.2007  на Томче Трајановски се “одјави“ за есенва

Со висока победа ФК Вардар генер.2007 на Томче Трајановски се “одјави“ за есенва

Денес на терените на Фудалската федерација на земјава се одигра последното коло од есенскиот дел во детската лига. Во рамки на ова коло Вардар (1) од генерација“2007“ година предводена од Томче Трајановски  се сретне со екипата на ФК Фаст. Црвено-црните на овој дуел дојдоа до убедлива победа со резултат 14-1 (5-0).

jj jj5

Дуелот почна со наша доминација по првиот судиски свиреж, ние тргнавме да напаѓаме со цел рано да го отвориме дуелот со погодок.  Успеавме нa почетокот преку Киш Марко кој со “надворешна” шутна интeлигентно да поведеме со 1-0. Потоа следеше погодок на Петар Мицевски за удвојување на нашата предност на овој дуел тој погоди за 2-0. Во првиот дел имавме покрај петте погодоци и доста прилики, неколку шанси имаше Војо Стојановски, прилика пропушти Лео Манчев. Шанса имаше за втор гол и Киш Марко, покрај тоа противникот се обиде двапати сепак на нашиот гол сигурен беше Лука Јаневски. Алексеј Ивановски стрелаше за високи 3-0 и наша сигурна предност. На сцена стапи Петар Мицевски кој до крајот постигна уште два погодока. Најпрвин со неговиот втор гол зголеми на 4-0, а потоа стрелаше и за 5-0. Со овој резултат се замина на одмор на овој натпревар.

jj2 jj4

Вториот дел почна со дури четири нереализирани прилики за нашите момци. Во првата се обиде Никола Јовановски, во втората ударот на Војо Стојановски голманот на ривалот го исфрли во корнер. Потоа се обидоа уште еднаш Војо и Петар Мицевски. Кратко траеше “јаловоста“ во нападот, следеа голови во продолжение како на филмска лента. Лео Манчев нареди три погодоци по ред со кој зголеми на 8-0 во наша корист. Поради офанзивата противникот исфрлаше често во корна па добивме прилика за “казнен удар“, сигурен реализатор на истиот беше Киш Матеј кој играше денеска за оваа генерација инаку настапува за 2008 во детската лига, тој погоди за 9-0. Истиот играч потоа од 15.метри погоди статива со одличен удар. Неговата добра игра беше  наградена со нов погодок кога тој погоди за 10-0, потоа поради големото водство следеше опуштање кај нашите момци што денес подредениот тим ФК Фаст го искористи да намали на 10-1. Тоа беше се што прикажаа и погодија на овој дуел они. До крајот имаше пет интересни моменти во првиот видовме обид со глава на Петар Мицевски, а во следните четири нови четири погодоци. Тие четири гола беа дело на двајца играчи, најпрвин Лебариќ Драган погоди двапати за 12-1, пота на исти начин Никола Јовановски ја тресеше мрежата на ривалот и зголеми на 14-1. Со овој резултат заврши овој последне дуел есенва.