Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Седум голови во мрежата на Пирин, од пом.пионери на ФК Вардар, на пријателски натпревар одигран на Академијата
Седум голови во мрежата на Пирин, од пом.пионери на ФК Вардар, на пријателски натпревар одигран на Академијата

Седум голови во мрежата на Пирин, од пом.пионери на ФК Вардар, на пријателски натпревар одигран на Академијата

Помладите пионери на ФК Вардар денес на теренот на Академијата ги совладаа врсниците од екипата на Пирин (Бугарија). Нашите млади надежи продолжуваат со добрите игри, без оглед дали се работи за првенствени или пријателски натпревари. Избраниците на “Рап-Тап“ ја надиграа екипата на Пирин, триумфирајќи со резултат од 7:0.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски, Петејчук, Крстевски, Величковиќ, Асани, Гугуљанов, Андоновски, Стојановски, Игнатов, Мирков, Омерагиќ.

2

Вардар имаше целосна доминација во текот на првото полувреме, во кое покрај четирите постигнати голови имавме уште неколку прилики за постигнување на гол. Леонид Игнатов беше играчот кој рано го отвори резултатот на овој натпревар, кога изби сам со голманот на Пирин, кој го совлада за отварање на резултатот на 1:0. Прв директен удар на мечот и за екипата на Пирин, но на место беше нашиот голман, Величковски кој го брани ударот. Уште во првите десет минути се виде дека Вардар е далеку поквалитетната екипа на овој натпревар и дека на крјаот ќе слави убедли триумф. Набрзина постигнуваме и втор гол во противничката мрежа, прв на мечот за Петар Гугуљанов кој на одбиена топка, погодува за предност на Вардар од 2:0. Се закани и Омерагиќ кој на прекин на нафрлена топка, со глава биеше во рацете на противничкиот чувар на мрежата. Се редеа ударите пред голот на Пирин, во обиди и тоа во два наврати беше Филип Андоновски, чиу удари ги брани голманот на гостинската екипа, како и Петејчук кој со глава бие над голот.

1

Се насетуваше полека гол во мрежата на бугарите, а Игнатов имаше можност да го отвори резултатот, откако со освртување биеше од околу 20 метри високо, сепак голманот на Пирин со крајни напори успева да одбрани и да исфрли во корнер. Иницијативата беше претворена во нов трет погодок, кога успешно стрелаше Азер Омерагиќ за зголемана предност од 3:0. Од левата страна нафрли Асани во противничкиот шеснаесетник, слабо реагираше голманот на Пирин, кој скокна во празно, топката стигна до Омерагиќ кој со глава ја смести во мрежата на Пирин. Веднаш после погодокот се обиде Стојановски, кој шутира покрја голот. Пирин речиси и да се не се закани кон голот на Величковски, нивната игра беше стопирана до средината на теренот, каде одлично “сечеа“ топки избраниците на Тодоровски. До крајот на првото полувреме следиме ремек дело на Леонид Игнатов кој од слободен удар бие ниско по земја и го погодува долниот десен голмански агол и му носи предност на Вардар од 4:0. Со овој резултат се замина на полувреме.

3

Во вториот дел нашиот тренер Тодоровски го смени речиси комплетниот стартен состав, давајќи им подеднаква минутажа и на останатите играчи, кои на клупа го зпочнаа овој меч. Во игра влегоа Имер, Ѓеоргиевски, Пешовски, Кузевски, Симев, Стојковски, Исени, Ветон, Фазлиу, Салиу и Речица. Токму нововлезениот Фисник Салиу се запишува во листата на стрелци, за зголемување на резултатот на 5:0. Имавме иницијатива и во второто полувреме и постојано создававме шанси пред противничкиот гол. Втор гол на натпреварот постигна Азер Омерагиќ, за веќе водство од 6:0. Се обиде и гостинскиот тим од Бугарија, но нашиот голман успешно одбрани. До крајот на мечот уште еден гол во противничката мрежа, дело на Фазлиу Атом, кој погоди на асистенција на Ветон, за конечен резултат од 7:0.

Во текот на утрешниот ден ќе одиграме пријателски натпревар повторно со Пирин и со екипата на Брегалница од Штип, по едно полувреме и со двете екипи.