Димитар Мечкаровски од Скопје е делегиран да го суди вториот натпревар на Вардар оваа сезона, на кој нашиот тим одново ќе гостува во Тетово, овој пат кај тимот на Ренова.
Вардар на овој натпревар атакува на прва победа во новата сезона, откако изминатиов викенд одигра 2:2 со Шкендија, иако имаше предност на полувреме. Се надеваме дека токму на овој втор натпревар Вардарци ќе дојдат до првите три бода.
Дуелот ќе биде одигран в недела од 17 часот.