Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЕП М16: Романија противник во 1/4-финалето за црвено-жолтите
ЕП М16: Романија противник во 1/4-финалето за црвено-жолтите

ЕП М16: Романија противник во 1/4-финалето за црвено-жолтите

Вчера со победата во последното коло од групната фаза  против Норвешка, нашите кадетски репрезентативци се пласираа во четвртфиналните разигрувања на Европското првенство (дивизија Б) кое од деветти август се одигрува во босанската престолнина, Сараево. Вардарецот  Марко Величковски  е една од најважните алки на овој црвено-жолт тим.

Кошаркарите од националниот состав до 16 години во рамки на групната фаза запишаа четири победи и само еден пораз, со што се стационираа на второто место на табелата во групата Б ќе разигруваат утре против првопласираниот од групата А. Наш ривал во 1/4-финалната битка е селекцијата на Романија.

Натпреварот се игра утре, 16.август и истиот е закажан со почеток во 21-00 часот. Мечот ќе го одиграме во салата “Сабид Хаџиќ“ во Сараево. Најдобрите осум екипи на ова првенство ќе атакуваат на   првите три места, кои следната година ќе носат настап во првата дивизија.