Екипата на Македонија ЃП се засили со уште двајца нови играчи за престојната сезона. Нови играчи на тимот се екс играчот на Вардар, младиот Филип Стојчевски кој игра на средината на теренот и Кристијан Филиповски кој доаѓа од составот на Силекс.
Стојчевски неколку сезони беше дел од нашиот тим, кој му е и последен клуб во кој играл. И двајцата играчи следниот викенд ќе се соочат со нашиот Вардар во третото коло од ПМФЛ.