Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) го победи ‘братскиот“ Вардар (2) во детската лига, кај генер. “2010“
Вардар (1) го победи ‘братскиот“ Вардар (2) во детската лига, кај генер. “2010“

Вардар (1) го победи ‘братскиот“ Вардар (2) во детската лига, кај генер. “2010“

Денес на терените на ФК Работнички, во рамките на детската лига, меѓусебен натпревар одиграа двете екипи кај генерацијата на Вардар родени “2010“ година.

Вардар (1) беше поуспешен од Вардар (2) кој го совлада со резултат од 5:3. Гледавме интересен меч со многу голови, но на крајот поуспешен беше Вардар (1). Стрелци за Вардар (1) беа Матеј Чедев (2), додека по еден постигнаа Стефан Ристиќ, Константин Трајков и Драган Гечев. Кај Вардар (2) во листата на стрелци се запиша Петар Васовски со два гола и еден за Македон Симев.