Денес во салата “Кале“ во Скопје се игра нови натпревари во ракометната вардарова Јуниор лига. Кај момците во генерација родени 2006 и 2007 година се одиграа два дуела. Во истите победа обезбедија тимовите на РК Драчево Вардар од Скопје и РК Бисинов Вардар од Велес.
Во првиот натпревар РК Драчево Вардар беше поуспешен од тимот на РК Опш. Кисел Вода Вардар со резултат 10-4 (4-3). Први со погодок мечот го отвори тимот од Драчево на што ривалот одговори со погодок за изедначување на 1-1. Со два последователни гола Драчевчани првпат се одлепија и поведоа со 1-3. На одмор се замина со нивна минимална предност од еден погодок, на семафорот во салата “Кале“ стоеше 4-3.
Вториот дел почна како и првиот со по еден погодок на двете страни за почетни 4-5 за РК Драчево. Потоа следеше серија во која Кисела Вода неуспеа да постигне гол, а нивниот ривал постојано ја решеташе нивната мрежа. Таа серија траеше од почетните минути се до крајот на вториот дел. РК Драчево со серија 5-0 триумфираше со резултат 4-10 на овој натпревар. Кај победникот на овој натпревар Тајковски и Тевдовски беа први стрелци со по четири гола.
Во вториот натпревар РК Бисинов Вардар од Велес дојде до победа во натпреварот со тимот на РК Ангели од Скопје со резултат 13-11 (9-5). На почетокот скопјани поведоа со еден гол, а нивниот ривал изедначи на 1-1. Во почетните минути на семафоот уште двапати имаше резултатска симетрија, беше 2-2 па потоа 3-3. Следеше серија 3-0 по која момците од Велес се одлепија на 6-3. Се играше по овој момент игра гол за гол па во финишот влеговме со резултат 8-5, во последниот напад Бисинов погоди и го однесе дуелот на одмор со предност од 9-5.
Вториот дел започна како и првиот дел со по еден погодок во двете мрежи на тимовите за почетни 10-6. Речиси во текот на целиот втор период се играше игра гол за гол, двата тима на 3.мин до крајот имаа постигнато по четири гола во противничките мрежи за резултат 13-9 во корист на велешани. Скопските момци во финишот успеаа да го ублажат поразот со два погодока, мечот заврши 13-11 во корист на РК Бисинов Вардар.