Денес во салата “Кале“ во Скопје се игра нови натпревари во ракометната вардарова Јуниор лига. Кај момците во генерација родени 2002 и 2003 година се одиграа два дуела. Во истите победа обезбедија тимовите на РК Преспа Вардар и РК Опш. Кисел Вода Вардар.
Во првиот дуел РК Преспа Вардар од Ресен триумфираше во мечот со врсниците од РК Урдаревски Вардар од Скопје со резултат 17-15 (8-8). Првиот дел почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, во 4.минута на семафорот стоеше реми 3-3. Ресенчани со два гола се одлепија на 5-3, но скопските момци веднаш вратија и изедначија на 5-5. Потоа гледавме игра гол за гол и на одмор заминавме со резултатска симетрија 8-8.
Вториот дел почна со клучната серија на овој натпревар, ресенчани отворија одлично за нив со 0-3 по кои поведоа со 8-11 на стартот. Тимот на РК Урдаревски Вардар се обидуваше во текот на целиот втор дел да се врати во игра и да изедначи. На пет минути до крајот дојдоа до минимална негатива 13-14, сепак РК Преспа Вардар несакаше да ја пропушти предноста и во последните моменти одигра црвсто што им донесе победа со резултат 15-17 на крајот. Костоски со шест гола беше прв стрелец кај победникот, кај поразените Шкрчев имаше четири погодоци.
Во вториот дуел Опш. Кисела Вода Вардар дојде до победа во соочувањето со РК Бисинов Вардар од Велес со резултат 22-20 (11-8). Првиот дел почна со по еден гол за почетни 1-1, потоа на теренот доминираа момците од Скопје. Тие направија серија 6-1 со која се одлепија на “плус пет“, 7-2. Велешани се обидоа во продолжение да се вратат во игра и успеаа делумно, тие ја намалија разликата до крајот на првиот дел на само три гола. На одмор заминавме со резултат 11-8 за Опш. Кисела Вода.
Вториот дел почна со по еден гол на двете страни за почетни 12-9. Постојано во текот на вторите 20.минути се играше гол за гол на двете страни. Велешани ја напаѓаа предноста на Опш. Кисела Вода која со игра гол за гол ги чуваше “трите позитива“ од првиот дел. Така и влеговме во последните три минути кога они водеа со 21-18, до крајот велешани само успеаа да го ублажат поразот. Опш. Кисела Вода победи со два гола предност, 22-20, кај нив Петковски со осум гола беше одличен, Митушев кај противникот постигна четири погодоци.