Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) го победи Вардар (2) кај генерација 2008 и ја продолжи борбата за трофејот во детската лига
Вардар (1) го победи Вардар (2) кај генерација 2008 и ја продолжи борбата за трофејот во детската лига

Вардар (1) го победи Вардар (2) кај генерација 2008 и ја продолжи борбата за трофејот во детската лига

Денес на терените на ФК Работнички продолжија елиминациските натпревари во детската фудбалска лига. Меѓусебен дуел одиграа екипите на Вардар (1) и Вардар (2) кај генерацијата родени 2008 година. Така сакаше ждрепката двете наши екипи да се сретнат во овој дел од разигрувањето, во скопско-кумановскиот регион.

Поуспешен беше Вардар (1) кој славеше убедливо со резултат 6:1. Гледавме интересен натпревар, каде преовладуваше борбеноста на двете страни. Двата тима подеднакво ја посакуваа победата, која на крајот им припадна на подобриот тим. Мечот со одличен гол го отвори Арти Азизи, кој од голема далечина бие високо над рацете на Александар Милошевски, за водство на Вардар (1) од 1:0. Следениот гол на натпреварот повторно беше за Вардар (1), а стрелец беше Стефан Бранковски, кој го зголеми водството на 2:0.

vardarfans-2

Штета е што двете екипи се паднаа во овој дел од разигрувањето, но мораше една да отпадне. Вардар (1) имаше повеќе шанси на денешниот дуел и на крај заслужено победи. Следи погодок на Огнен Бојковски за веќе солидно водство од 3:0. Успева и Вардар (2) во следните минути да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 3:1. Стрелец на голот, кој на крај се покажа како единствен за Вардар (2) беше Бојан Пешов. Сепак до крајот на првиот дел, гледаме уште еден гол, а прв за Матео Кесиќ, кој го зголемува резултатот на 4:1. Овој резултат беше актуелен на полувреме.

vardarfans-1

Во второто полувреме видовме уште два погодоци во мрежата на Вардар (2). Најпрво на 5:1 зголеми Арти Азизи, за конечниот резултат од 6:1 да го постави Огнен Бојковски.  Гледавме динамична игра и во овој дел од натпреварот. На крајот пријателски поздрав и триумф на Вардар (1) кој ја продолжува борбата за трофејот во детската лига.

vardarfans-4