Денес на Академијата на ФК Вардар во Градскиот парк во Скопје се одигра меч од лигата за помлади пионери. Во истиот нашиот вардаров состав беше домаќин на екипата на ФК Шкеднија, во овој дуел гостите триумфираа со 2-4. Тренерот Јанев мечот го стартуваше со следниот состав: Андов, Ѓурковски, Мирчевски, Манасиевски, Бојковски, Спировски Марио, Димоски, Спиировски Мартин, Астарџиев, Николо и Илиевски.
Мечот почна со претпазлива игра во првите минути од двата црвено-црни колектива кои влегоа внимателно во овој натпревар. Следуваа потоа ефикасни осум минути во кои дури трипати се тресеа мрежите на двата тима. Се играше 4.минута кога ние успеавме преку Мартин Спировски да го отвориме резултатот и да постигнеме гол за наше водство од 1-0. Тој беше поуспешен од чуварот на мрежата на Шкендија, Диритон Pамадани и донеше наша предност. Веднаш потоа следеше “ладен туш“ во 10.минута гостите преку Ајдани Абдулвахит изедначија на 1-1 и внесоа неизвесност. Веќе во следната нивна акција во 12.минута зголемија и на 1-2, стрелец на тој погодок беше играчот со број 8 во противничкиот табор, Даути Мирлинд. Ние веднаш се обидовме да се вратиме преку стрелецот на голот за нас Мартин Спировски се заканивме, тој со глава се обиде, но не успеаа да ја затресе мрежата на Рамадани. Прилики во продолжение имавме уште неколку за изедначување, најпрвин од центаршут дирекно во гол се обиде да го изненади голманот на гостите Виктор Мирчевски. Потоа Бојан Димовски упати одличен удар од 20.метра кој заврши крај левиот директ. Гостите минаа во офанзива во последната третитна од полувремето, сепак на голот го имавме одличниот Матеј Андов кој имаше неколку бравурозни одбрани. Тренерот Јанев Сашо мораше да праив принудна измена па на место на капитенот Манасивески во игра го уфрли Апостоловски Андреј. До крајот имаше само една шанса за одбележување, таа беше на нашиот играч Димовски Бојан. Тој се обиде да го изненади Рамадани од дистанца, сепак голманот на Шкендија беше на висината на задачата.
Во вториот дел по само 5.минути игра гостинот постигна гол за 1-3, стрелец на истиот беше Ајдани Абдулвахит за кого ова беше втор погодок на денешниот натпревар помеѓу нашата и тетовската екипа на помлади пионери. Следеше офанзива на гостите одлични одбрани врза нашиот голман Матеј Андов кој спречи да поведат тетовчани со “плус три“. По 12.минути игра во вториот дел Шкендија поведе и со високи 1-4, стрелец на голот беше Демири Ардит кој искористи “кикс“ на целата вардарова одбрана. Тренерот Јанев се обиде со неколку измени да го освежи составот. Следеше наша иницијатива која беше јалова цели 10 минути имавме инцијатива без некоја поголема шанса. Астарџиев Давид со глава се обиде по изведена корна од десна страна, голманот на Шкендија лесно прифати. Марио Илиевски во продолжение погоди во стативата на тетовските црвено-црни. Во финишот бевме опасни и постојано напаѓавме, Асенов Марио со глава шутна во прдолжение над пречката. конечно псотигнавме гол за намалување, погодокот за 2-4 го постигна Димовски Бојан. Докрајот за одбележување е уште обидот на Хасиќ Самир.