Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Висока победа за ФК Вардар над Шкендија во пионерското дерби со 4-1
Висока победа за ФК Вардар над Шкендија во пионерското дерби со 4-1

Висока победа за ФК Вардар над Шкендија во пионерското дерби со 4-1

 Денес на Академијата на ФК Вардар во Градски Парк се одигра пионерското дерби, во истото пионерите на ФК Вардар беа домаќини на врсниците од ФК Шкендија-Тетово. Избраниците на Сашо Тодоровски Рап-тап дојдоа до победа во ова пионерско дерби со резултат 4-1. Вардар дуелот го почна со овој тим: Тимевски, Радевски, Стојчевски, Пешевски, Ѓоршиевски, Димов, Дарлишта, Адем, Стојановски, Реџепи и Битиќи.

10

Тргнавме на овој натпревар офанзивно уште по првиот судиски свиреж, со цел ран гол во мрежата на Беџети Ендрит. Успеавме во тоа по само помалку од три минути фудбал, Реџепи Фитор рутинирано погоди за наше водство од 1-0 на овој пионерски меч. Веднаш по голот продолживме со целосна офанзива, имавме неколку полу-шанси. Истиот играч на скопските црвено-црни, Реџепи Фитор и во 10.минута беше прецизен. Тој успеа да погоди за 2-0 и го зголеми двојно нашето водство. Во продолжение Саит Битиќи беше во напад, одлично шутна топката се одби од одбраната, тој се обиде повторно погоди еден играч на Шкендија во рака по што беше досуден пенал за нас. Истиот го изведе Александар Ѓорѓиевски тој шутна силно, но за жал топката мина малку над гредата. Ние правевме во продолжение постојано шанси, Саит Битиќи погоди пречка со глава во следниот наш обид. По еден остар старт на Рамади Ристем главниот судија Дејан Димитријевиќ му додели црвен картон, со што ние останавме со играч повеќе во поле. Доминиравме во продолжение целосно на овој дуел, повторно одличен удар за Саит Битиќи кој се обиде со волеј сепак голманот на  Шкендија, Беџети Ендрит одлично одбрани. Голема прилика и последна за нас во првиот дел имаше стрелецот на првиот гол Фитор Реџепи кој од 25.метра  се обиде сепак топката заврши крај голот. Гостите по едно наше невнимание во одбраната успеаа во финишот да намалат на 2-1, со тој резултат се замина на одмор на ова пионерско дерби.

8 5

Вториот дел го почнавме офанзивно атакувајќи на нов погодок уште на самиот почеток. Погодокот дојде брзо, погодивме дирекно од слободен удар. Стрелец на овој убав погодок за наше водство од 3-1 беше нововлезениот Филип Антовски. Во вториот дел имавме голем број на прилики за погодок, прва после голот ја имаше двојниот стрелец од првиот дел Фитор, тој доби одлична топка од Дарлиштра Кренар кој по десна страна направи “славом“ сепак неговиот удар заврши над гредата. Во следната прилика прибележуваме погодок, Саит Битиќи одлично нафрли од десно до Али Адем кој непогрешливо од 6-7 метра стрелаше за 4-1. На нашиот гол Тимевски Бојан беше денес одличен тој фати неколку удари и одлично командуваше од заднина.

7

До крајот не постигнавме погодок иако имавме дузина прилики за “петарда“. Прва прилика имаше Бериша Јакуп од 25 метри шутна силно, но топката мина над грдата. Потоа нововлезените Благоевиќ Филип и Филиповски Мартин одиграа двојно по што Милан шутна одлично, сепак голманот на Шкендија одбрани. Со удари од дистанца се обидовме до крајот уште трипати, но ниту еден не заврши во мрежата на тетовчани. Две прилики имаше Фитор Реџепи и една Наумчевски Стефан, со резултат 4-1 забележавме нови три бода.