Утрово во салата “Кале“ се одигра меч од женската пионерска лига во кој девојките на Вардар ја пречекаа екипата на ЖРК Лихнид од Градот Охрид. Девојките на Драгана Пецевска Ристова и Билјана Пецевска дојдоа до нова убедлива 9-та победа во исто токлу меча во пионерската лига. Тие триумфираа со резултат 27-7 (10-4).
Први натпреварот со гол го отворија нашите црвено-црни пионерки уште во првиот напад поведувајќи со 1-0. Следеше пеколна серија на пионерките на Вардар во продолжение, сите приоди кон нашиот гол беа затворени, а во напад казнувавме. Таа игра ни овозможи да поведеме со “девет плус“ на 5 минути до крајот на семафорот во салата “Кале„ стоеше 9-0 за нас. Последните пет минути поради опуштање во нашата игра им припаднаа на охриѓанки. Тие направија серија 1-4 и на одмор заминаа со намалена негатива од “минус шест“ односно со резултат 10-4.
Вториот дел почна со два погодока за нас со кои поведовме веќе по две минути игра со 12-4. Следеше период во кој двете екипи постигнаа по два погодока во мрежите на обата голмана за резултат 14-6 на семафорот. Нашите девојки повторно покажаа “мускули“ тие влегоа во нова пеколна серија покажувајќи зашто се лидери на табелата во оваа категорија. Девојките на вардаровиот пионерски тим со серија 10-0 поведоа со убедливи 24-6 на 3-4 минути пред финишот. До крајот се беше формалност на овој женски пионерски дуел, ние победивме со дваесет гола предност односно со резултат 27-7. Кај нас најефикасна со 7 гола беше Петковска Лилјана, по 4 гола постигнаа три девојки: Гроздановска Ангела, Ѓорѓиевска Стефанија и Седлоска Андреа.