Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2007 и денес со две победи отиде чекор понатака во елиминацискиот дел
ФК Вардар генер.2007 и денес со две победи отиде чекор понатака во елиминацискиот дел

ФК Вардар генер.2007 и денес со две победи отиде чекор понатака во елиминацискиот дел

Денес на терените на ФК Работнички лоцирани во Градскиот парк во Скопје се одиграа два елиминациски, нови дуели за момците од ФК Вардар генерација родени 2007 година. Избраниците на Зоран Петковски како и вчера така и денес дојдоа до две нови победи и отидоа во следната четвртфинална рунда.

Екипата на Вардар (1) од генерација “2007“ дојде до трумф денес, на денешниот натпревар противник ни беше екипата на Викторија, која ја совладавме убедливо со резултат 8:0. Имавме доминација во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено стигнавме до победата. Марко Киш најави добар тек на овој дуел, откако од слободен удар од голема далечина успеа да го матира противничкиот голман и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Праевме константен притисок на половината на противникот, што носеше опасности по нивнот гол. Следи нов гол во мрежата на Викторија, повторно за Вардар а стрелец е Александар Грашески за предност од 2:0. Во листата на стрелци успева да се запише и Емир Шаботиќ, кој денес одигра одличен натпревар. Овој играч носи предност од 3:0. Следуваше удар на Лебариќ, кој завршува во рацете на голманот. Нов гол за Емир Шабатоќ, кој ги доведува црвено-црните во предност од 4:0. На голот претходеше слободен удар за Вардар, каде Грашески ја додаде топката до Емир, а овој упатува силен удар, кој завршува во противничката мрежа. За одбележување до крајот на првото полувреме, се двата пенали на Викторија, кои  не успеваат да ги реализираат. Најпрво нашиот голман, Лука Јаневски прави еден фаул во голманскиот простор, по што судијата покажа на белата точка. Нашиот голман го брани ударот, кој завршува во трета корна, што значеше и нов удар од белата точка. И во вториот обид, Викторија не успева да реализира, односно ударот завршува во пречката. На полувреме резултатот беше 4:0.

h2

Во вториот дел повторно бевме подобри на теренот, создавајќи голем број на шасни. Една таква искористи Петар Мицевски, кој со својот прв гол денес носи водство од 5:0. Нов гол на мечот постигна Марко Киш, за кој ова беше втор гол на оовј дуел, за зголемување на предноста на 6:0. Противникот се закани со удар, кој не е опасен за нашиот голман, кој мирно ја прибира топката во свите раце. Обид имаше и Стефан Младеновски, најпрво од слободен удар, кој го одбрани голманот. Истиов играч имаше можност да постигне гол, но не успеа да реализира удар од белата точка. Хет-трик на натпреварот постигна Емир Шабатиќ кој носи водство од 7:0. Обиди имаа Киш и Грашески, кои останаа без реализација. До крајот на натпреварот, Стефан Младеновски постигнува гол и ги поставува конечните 8:0.

h3

ФК Вардар (2) се сретна со екипата на Фаст на овој дуел дојдовме до победа со високи и убедливи 8-1. Прва прилика имаше Котевски чии удар го одбрани голманот на нашиот противник. Иста таква прилика имаше и Никола Јоваковски чии удар голманот на ФК Фаст успеаа да го одбрани и да ја сочува својата мрежа. Златко Радевски потоа имаше голема шанса во продолжение тој изведе пенал, сепак за жал не успеа да го претвори во гол. Конечно поведовме и го скршивме отпорот на противникот, стрелаше Никола Јовановски за 1-0. Повторно промашивме пенал  овој пат не погоди Алексеј. Нашиот противник успеа да изедначи на 1-1 по изведена корна, тие погодија гол со глава. Следеше наша доминација до крајот на првиот дел каде успеавме да погодиме двапати. Филип Кузаревски од игра погоди за 2-1, а потоа Никола Јовановски погоди за 3-1 од пенал. Со овој резултат   3-1 заминавме на одмор.

h4

Вториот дел почна со прва прилика за Фаст која нашиот голман одлично ја одбрани. На сцена стапи повторно Никола Јовановски кој погоди двапати во продолжение. Тој умешно стрелаше најпрвин за 4-1, а веднаш потоа зголеми и на високи 5-1. Шанса пропуштаме во продолжение преку  Филип Кузаревски кој неуспеаа да постигне нов гол во мрежата на екипата на Фаст. До крајот доминиравме во сите аспекти ан фудбалската игра, најпрвин на  6-1 зголеми Златко Радевски. Повторно на сцена стапи   Никола Јовановски кој погоди за 7-1. Точка на натпреварот со голот за конечен резултат  8-1 го постигна Филип Кузаревски.