Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Дамјан Менкиноски: Со подобри настапи во пролетниот дел, би имале реални шанси да завршиме на првото место
Дамјан Менкиноски: Со подобри настапи во пролетниот дел, би имале реални шанси да завршиме на првото место

Дамјан Менкиноски: Со подобри настапи во пролетниот дел, би имале реални шанси да завршиме на првото место

Заврши есенскиот дел во првенството и купот, на младинските фудбалски категории. Кадетите на Фк Вардар го финишираа овој дел на четвртото место на табелата, со вкупно освоени 22 бодови. Вкупно остварија седум победи, еден нерешен резултат и три порази.

-Задоволен сум од прикажаната игра на екипата, но не и од резултатите. Мислам дека имавме шанси да завршиме и на првото место на табелата, во есенскиот дел од сезоната. Против Металург загубивме несреќно, откако примивме гол во последната минута, а претходно не искористивме чисти шанси за водство. Сега следи пауза во домашните натпреварувања, потоа ни претстојат подготовки за пролетниот дел, каде со подобри настапи би имале реални шанси да бидеме на врвот на табелата во првенството.

Избраниците на Влатко Колев без поголеми проблеми успеаа да обезбедат пласман во најдобрите четири екипи на националниот куп. Дамјан Менкиноски е втор најдобар стрелц за црвено-црните со четири постигнати голови.

Во националниот куп се пласиравме во полуфиналето, каде ќе дадеме се од себе истиот да го освоиме. Задоволен сум од мојот придонес за тимот, но искрено очекувам во вториот дел повеќе голови од моја страна, изјави Дамјан Менкиноски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски