Репрезентацијата на Црна Гора пред малку ги заврши настапите на светското ракометно првенство во Данска. За оваа селекција настапија три ракометарки на Вардар, Радичевиќ, Кликовац и Грбиќ, кои на крајот завршија на осмото место. Црна Гора не успеаа да се пласира во најдобрите четири екипи, откако во 1/4 беа поразени од Норвешка. Во разигрувањето за пласман од 5-8 место, Црнагорките најпрво беа поразени од домаќинот Данска, додека утрово во борба за седмата позиција доживеаа висок пораз и од селекцијата на Франција, за која настапуваат Дембеле и Лејно.
Така десното крило на Вардар и својата репрезентација Јованка Радичевиќ го заврши овој мундијал со вкупно постигнати 60 голови и се до одигрувањето на денешните натпревари за медал и пласман, ја држи првата позиција на листата на најефикасни стрелци. Најголема опасност за загрозување на оваа награда е Кристина Неагу од селекцијата на Романија, која пред денешниот меч за третото место има постигнато 53 голови. Помали шанси имаат и Каролина Кудлач (Полска) со 48 погодоци. Се надеваме дека денеска Неагу нема да има свој ден, како на претходните дуели и дека наградата за најдобар стрелец на ова светско првенство ќе припадне на Радичевиќ, која на овој мундијал пружи одлични игри.