Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2006“ забележа убедлива победа на контролен натпревар
Фк Вардар генер. “2006“ забележа убедлива победа на контролен натпревар

Фк Вардар генер. “2006“ забележа убедлива победа на контролен натпревар

Фк Вардар генерација “2006“ предводена од тренерот Игор Кралевски вчера одигра пријателски натпревар со екипата на Фк Смиљковци. Вардарци настапија во состав Андреј Данстак, Дамјан Крстевски, Давид Голубов, Милош Спасовски, Дараган Јанкоски, Милош Проковиќ, Максим Цониќ, Михаил Николов, Никита Патаровски, Михаил Танчев и Стефан Колоски.

Настапија две екипи на Вардар кои забележаа победа со вкупен резултат од 23:1. Се играа две полувремиња по вкупно 35 минути. Црвено-црните на овој контролен меч влегоа со сериозен пристап и максимално залагање, бидејќи Смиљковци е секогаш тежок противник и располага со квалитетни деца. Уште од првите минути Вардар почна да ја тресе противничката мрежа, за на крајот да забележи убедлив триумф. Оваа генерација продолжува со успешни резултати во годината, која полека изминува. Зад себе оставија прво место во детската лига, во есенскиот дел од сезоната и четири освоени последователни турнири.