Нова трета победа за црвено-црниот кугларски колектив предводен од Драги Димитровски на стартот од оваа нова 2015/16 натпреварувачка сезона. Тие вчера го одигρаа својот пρв домашен дуел сезонава, вардарци беа домаќини во тρетото κоло од Маκедонсκата κуглаρсκа лига на. Κκ Импеρиал Тобаκо. Тие атаκуваа и успеаа да дојдат до тρетата победа во тρетиот меч сезоната κоја ја отвоρија со две гостинсκи победи пρотив Хеρаκлеа и 18 Август. Вардар на овој дуел победи повторно максимално со 8-0 како и што лани со истиот резултат во сезоната 2014/15 му нанесе порази два порази на Империал Тобако.
Кугларскиот клуб Вардар со оваа победа се зацврсти на лидерската позиција од Македонската кугларска лига и на првото место ќе ја заврши оваа 2015 година, бидејќи следното 4.коло на програмата е во средината на месец јануари поточно е закажано за на 16/01/2016 година. Вардаровите играчи имаа вкупен резултат од 3333 “соборени дрва“, а гостите застанаа на 2999 “соборени дрва“ на овој дуел. Кај вардарци најзабележителе резултат овој меч имаа двоецот Бојан Влаќевски и Дарко Димитровски . Влаќевски имаше над шестотини соборени дрва поточно 602 соборени дрва, а Димитровски имаше 562 тој е благо позитивно изненадување ова коло имаше втор најдобар резулат на дуелот . Во другите дуели во лигата Макпетрол го совлада 18 Август со 8-0 и остана единсвениот тим покрај Вардар со максимален ефект годинава, а во другиот дуел Хераклеа со минимални 5-3 го победи тимот на скопски Кк ГТЦ Мусандра. Вардарци се слободни до 16/01/2016 кога е закажано следното коло, ное гостуваме кај гратскиот ривал Кк Гтц, двојките за следното 4.коло се следниве :
- 18 Август- Империал Тобако
- Макпетрол-Хераклеа
- ГТЦ- Вардар