Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТОГАЛЕРИЈА) Подготовка за “Јуниор лигата“ на школата Кузман-Вардар
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Подготовка за “Јуниор лигата“ на школата Кузман-Вардар

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Подготовка за “Јуниор лигата“ на школата Кузман-Вардар

Вардар фанс е сајт кој ги подржува сите млади категории на брендот Вардар, така  вчера бевме  во посета на ракометната школа “Кузман-Вардар “ кои имаа тренинг во спортската сала во скопската населба Илинден. Школата која е дел од големото црвено-црно семејство се подготува за  настапите во “Вардар јуниор лигата“. Во  лигата имаат можност да се натпреваруваат екипи од различни возрасни категории, почнувајќи од најмалите па се до највозрасните. Во неа партиципираат  вкупно 20 ракометни школи низ цела Македонија, кои се дел од академијата на Вардар.  Низ фотографии погледнете ги младите таленти на Кузман-Вардар предводени од тренерите Александра Кузмановска и Александар Савов. Овој тим во “Јуниор лигата “ се натпреварува во три возрасни категории  и тоа : 02/03, 00/01 и 98/99.