На мечот кој се одигра во Марино помеѓу вардаровите и пионерите на прилепска ФК Победа свое деби на првенствен меч во дресот на црвено-црните имаше зимското засилување на голманската позиција младиот Мето Велковски. Тој го замени на полувреме Малик при резултат 0-0 и застана помеѓу стативите.
Влегувањето на Велковски во вториот дел се покажа како “амалјлија“ за избраниците на Сашо Тодоровски бидејќи однеа победа, а и самиот не дозволи да биде совладан ниту еднаш. Пионерите со одлична игра во нападот и висока ефикасност преку: Ѓоргиевски А. Битиќи, Марко Ѓорѓиевски и Пешевски остварија убедлива победа и забележаа нови 3 бода. Му посакуваме на “пуленот“ на Кметовски, голманската надеж Мето уште многу мечеви како денес без примен погодок во својата мрежа и титули со Вардар.