Денес на теренот во скопската населба Марино се одигра првиот домашен пролетен меч оваа сезона за помладите пионери на Вардар. Избраниците на Јанев Сашо ја пречека екипата на Ф.К Победа од Прилеп. Се одигра добар меч со многу шанси и неефикасност во нападот, овој дуел заврши со почетниот резултат 0-0. На истиот како и на сите денешни мечеви од младинските лиги, детската фудбалска лига, ракометната “Јуниор лига“ присуствуваме и ве известувавме (види извештај од мечов), а сега ви носиме фотогалерија од дуелот.