Пред малку на теренот во скопската населба Марино се одигра првиот домашен пролетен меч оваа сезона за помладите пионери на Вардар. Нашиот тим ја пречека екипата на прилепска Победа во овој дуел, истиот заврши со резултат 0-0.Тренерот на вардаровите помлади пионери Јанев Сашо се одлучи за следниве 11-сетмина: Рамадани, Чурлинов, Мирчевски, Ристевски, Апостоловски, Бојковски, Петковски, Астарџиев, Спировски, Ристовски и Ѓурковски.
Почетните 10 минути минаа во мирна игра , со повремени атаци на Вардар пред голот на гостите од Прилеп. Во првата посериозна шанса од лево нафрли Спировски одлично смири во казнениот простор Ристовски, но не успеа да испрати удар откако беше блокиран од гостинската одбрана. Во следната акција повторно во шанса е Ристовски кој прифаќа на 22-23 метра шутира силно горе лево , но голманот на прилепчани Столевски одлично брани. Играчите на Победа во продолжение се обидуваат да ја преземат иницијативата, но нивните продори завршуваат на 20-25 метра каде “високо“ е поставена вардаровата одбрана која лесно се справува со нападите на гостите. Вардар се ослободува од притисокот со одлична контра на Спировски кој носеше од центарот до пред казнетиот простор на прилепчани сам и мина 3-4 играчи додава до Петковски кој неуспева да шутене од како е блокиран од одбранбениот играч на Победа Куковски. Повторно шанса во продолжението за Вардарци, во 25 минута нафрла Петковски одлично до топката стига младиот Астарџиев чии шут голманот го исфрла во прв корнер за нас на мечот. Тргаме во целосна офанзива се редат шанси пред голот на гостите , две шанси пропушта Спировски, а една прилика не реализираше Ѓурковски. Најголемата шанса ја пропушта играчот на Вардар младиот Апостоловски кој по изведен корнер со глава од 5 метра го имаше целиот гол, но шутна силно само во рацете на голманот. Вардарци треба да жалат што не поведоа во финишот на првиот дел два удара од “скратен пенал“ промаши Петковски Виктор, а еден ваков удар кога е сам очи в очи со голманот на гостите пропушти Ристовски.
Вториот дел почна со обиди на црвено-црните рано да дадат гол и со тоа да обезбедат водство уште во почетните минути од вториот дел. Во првите минути атакуваме, но без посериозна шанса . Прва сериозна прилика за нас е таа во 7 минута од вториот дел кога по одличен центар-шут со глава одлично шутна Ристевски Михаил, сепак топката не заврши зад грбот на Столевски голманот на Победа. Тренерот на Вардар Јанев Сашо се обидува од клупата да делува на текот на мечот тој повлекува неколку потези и од клупата уфрла три играчи: На место на Ристовски влегува од клупата Илиевски, Ѓурковски му го остапува местото на Ибраим и Николов го заменува Спировски. Одлична топка упатена до Ристовски од средината на теренот тој во трк влегува во шанса, но сепак гостинскиот голман Антонио Столевски прв успева да ја прибере оваа топка. Вардар со речиси сите играчи е префрлен пред голот на прилепчани се обидуваме да го скршиме “бункерот“ на гостинот кој повеќе од очигледно е задоволен со резулатот 0-0 во меч со нашиот тим. Победа малку се ослободи од притисокот и се заканува повремено , во првата нивна шанаса одлично расчисти Чурлинов , а во втората прекрасно одбрани нашиот голман Рамадани Суфјан. Уште една измена во нашиот состав Ристевски му остапи место на Абаз-Далип. Пропуштаме шанса и преку Ариф Ибраим кој изведе слободен удар од 20 метра дистанца и не успеа да погоди во рамките од голот, во продолжение шанса и за Петковски Виктор кој влегува во казнетиот простор од десната страна , но не успева да биде поуспешен од голманот на прилепчани. Капитенот Чурлинов одлично командува со одбраната на вардарци и ефектно исфрла во поле неколку топки при обидите на гостите да го загрозат нашиот гол. Манасиевски влегува во нашиот состав на 5 минути до крај од мечот како последна измена баш на местото на одличниот Чурлинов, но добива поофанзивни задачи со цел во финишот да успееме да дадеме гол за три бода. Токму он ја промашува шансата во последниот напад на црвено-црните од како по центаршут топката падна на 5 метра и ја шутна силно над пречката. Со оваа шанса се заврши и мечот, 30 секунди потоа главниот судија отсвири крај на дуелот.