Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер “2003“ се врати на победите, петарда во мрежата на Гоблен
ФК Вардар генер “2003“ се врати на победите, петарда во мрежата на Гоблен

ФК Вардар генер “2003“ се врати на победите, петарда во мрежата на Гоблен

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. ФК Вардар генерација “2003“ се врати на победите во лигата, совладувајќи ја екипата на Гоблен со убедливи 5:0.

Конечно Вардарци го вратија стариот сјај и квалитет што ги красеше во есенскиот дел од сезоната. Денес екипата принудно ја водеше Павел Неделковски. Црвено-црните уште од првата минута тргнаа офанзивно кон голот на противникот. Таквата доминација ни донесе предност од 1:0, стрелец на голот беше Дарио Јовановски. Истио играч за кратко време можеше да ја зголеми предноста, но неговиот удар заврши во стативата на противничкиот гол. Нашите млади надежи продолжија со својата игра,топката беше далеку во наш посед, обид имаше и Филип Ѓорѓовски, кој заврши во рацете на голманот на Гоблен. Тимот од Куманово се обиде во последните две минути од првиот дел да направи нешто кон нашиот гол, сепак Лука Стојковски не дозволи израмнување. Првиот дел заврши со резултат 1:0.

DSCN1840

Второто полувреме Гоблен имаше можност да израмни, за наша среќа ударот завршува покрај нашиот гол. Вардарци беа тие што го диктираа темпото на игра и во овој период на мечот. Повторно се обиде Дарио Јовановски, кој биеше со глава покрај голот на Кумановчани. Марио Петрушевски немаше среќа на овој меч да се запише во листата на стрелци, иако имаше неколку одлични шанси за такво нешто. Конечно иницијативата ја претвараме во нов погодок, за веќе солидно водство од 2:о. Стрелец на голот беше Иван Пашариковски кој биеше силно во голот на Гоблен. Петрушевски повторно во гол акција, сепак противничкиот чувар спречува поголема негатива за својот тим. До крајот на натпреварот уште три погодоци за Вардарци. На 3:о зголеми Петре Тасески. Следуваат уште неколку удари кон голот на Гоблен, кои завршуваат надвор од рамките на голот. Следи ремек дело на Филип Ѓорѓиевски и гол од речиси половина терен, за високо водство од 4:0. Конечните 5:0 на овој натпревар ги постави Алек Сељанац.

Ова беше прв триумф за генерација “2003“ во пролетниот дел, откако претходно забележавме два порази и еден нерешен резултат. Секоја екипа во годината мора да помине низ мал период на играчка криза, која веќе треба да е минато за оваа генерација. Денес одиграа одличен меч и најавија дека сериозно треба да се смета на нив до крајот на натпреварувачката сезона.