Селекторот на младинската машка ракометна репрезентација Александар Јовиќ го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета на подготовките во рамките на квалификациите за Европското ракометно првенство во Данска. На овој список се најдоа пет играчи од ракометниот клуб Вардар. Од екипата на РК Вардар 2 која игра одлична сезона во првата ракометна лига се повикани четири ракометари. Голманот Никола Кизиќ, средниот бек Александар Димовски, левиот бек Тоше Ончев и десниот бек Стефан Трпчевски. Од тимот на РК Вардар Јуниор кој настапува во супер лигата, за младинската репрезентација е повикан Кристијан Давитковски.
Првиот собир е закажан за недела во спортската сала Автокоманда. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во периодот од 8-10-ти април во Швајцарија. Македонија е во група со домаќинот, како и селекциите на Фарски Острови и Црна Гора. Само најдобрите две репрезентации ќе обезбедат пласман на европското младинско првенство, кое во периодот од 28-ми јули до 7-ми авуст ќе се одржи во Данска.