Вчера тимот предводен од Пепи Манасков екипата на Вардар јуниор оствари победа на гостувањето во Автокоманда, кај Металург 2 каде однесе победа со огромни 23 гола разлика над “фенерџијата“ во лигата. Црвено-црните извојуваа висока победа со 40:17 против Металург 2 во мечот кој го отвори 16 коло во “Супер лигата“. Целосна теренска доминација Јуниор прикажа во првиот период , во периодот од 5-25. минута, кога направивме неверојатна серија 1-15. Мечот почна со резулта 3:2 за Металург -2 по што Вардар направи серија од 7-0, а по еден примен гол направи уште една низа со осум гола по ред за да поведе со 17-4 на пет минути до паузата. На полувреме се замина со резулат 20:5 за Јуниор.
Вториот дел продолжи во исто темпо предноста продолжи да расте. Интересен факт е што сите црвено-црни момци освен голманите постигнаа голови. Екипата на Вардар јуниор му гостува кај тимот на РК Работнички. Триумфот во Автокоманда е седма победа за Вардар јуниор и со неа стигнавме до 21 бод со што на табелата се зацврстивме на на 5 позиција.