Фудбалскиот клуб Вардар го донесе и второто големо зимско засилување. Повратник во црвено-црниот дрес е Дарко Мицевски, кој изминатиов период се поврзуваше со трансфер во најтрофејниот македонски клуб.
Мицевски потпиша договор на 4.5 години со Вардар, и даде своја изјава за официјалната страна на клубот:
-Ми претставува голема чест и задоволство враќањето во Вардар, едноставно повикот од најтрофејниот македонски фудбалски клуб не се одбива. Им благодарам на сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски за повикот и довербата, лесно се договоривме и заеднички ги усогласивме целите на клубот. Верувам во овој проект, искрено се надевам дека ќе биде еднакво успешен како и при мојот претходен престој тука. На сите навивачи и приврзаници на Вардар им ја честитам новата година и божиќните празници, се гледаме на терен, да го вратиме Вардар таму каде што му е местото, изјави Мицевски.