Шпекулациите кои кружеа во изминатиов период, денес станаа и официјални. Играчот од средината на теренот, Дарко Мицевски се враќа во Вардар, клуб со кој потиша договор на 4.5 години.
Ова за Мицевски значи и враќање во Вардар, откако со црвено-црните во сезоната 2019/20 стана Шампион на Македонија. После Филип Гачевски, Мицевски е второто големо засилување за Вардар во пролетниот дел од сезоната.