Женскиот сениорски шампионат се играше оваа есен во две групи, А и Б по крајот на есенскиот дел најдобрите четири тима од двете групи го формитаа плеј-оф сегментот за оваа пролет.
Позната е табелата за почетокот на плеј-офот кај дамите, нашиот Вардар и тимот на Куманово кој беше најдобар во другата група (А) пренесуваат по 4 .бода. Второпласираните, Чаир и Металург пренесуваат бод помалце, односно по 3.бода. Ќе се одиграат два круга секој со секого дома гости, односно 14.кола по чии крај ќе се знае шампионот на Република Македонија кај дамите во сениорска ракометна конкуренција.