Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар на 10.јануари ги започнува зимските подготовки
ЖРК Вардар на 10.јануари ги започнува зимските подготовки

ЖРК Вардар на 10.јануари ги започнува зимските подготовки

Веќе изминуваат последните денови од зимскиот одмор на девојките од ЖРК Вардар, веќе за пет дена повторно Ристова ќе прозива. Според планот на 10.јануари во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе започнат подотовките за пролетниот дел од сезоната на црвено-црните дами.

Вардарки ги очекува настап во плеј-офот од лигата каде што влегуваат со максимален број на бодови заедно со тимот на ЖРК Куманово, исто така во оваа ракометна пролет ќе се одигра и целиот тек на Купот на Република Македонија кај дамите. Амбициите се големи, останува да видиме како оваа пролет ќе успееме да се избориме за амбициите кои се пехарите во двете натпреварувања.