Во следниов текст ќе ги изнесеме играчите, односно ТОП-5 листа на играчи кои имаа најголема минутажа за младинските екипи на ФК Вардар.
Кај помладите пионери, тоа е Андреј Величковски, единствен кој ги има одиграно сите 9 натпревари, од првата до последната минута.
Помлади пионери:
1. Андреј Величковски -810 минути
2. Димитар Порчу -766
3. Дарко Сековски -753
4. Давор Лефковски -696
5. Максим Краљевски -693
Кај пионерите со овој податок можат да се пофалат двајца играчи. Тоа се капитенот Горјан Цветков и стоперот Матеј Митревски кои ги имаат одиграно сите 810 минути на натпреварите во пинерската Супер лига.
Пионери:
1. Горјан Цветков -810
2. Матеј Митревски -810
3. Лука Јакимовски -736
4. Тино Спасиќ -730
5. Александар Трајчевски -722
Кадетите во есенскиот дел одиграа десет натпревари, а сите комплетно ги одиграа дури тројца играчи. Тука е капитенот Стефан Стојановски, потоа најдобриот стрелец на оваа екипа, Никола Величковски (2005), како и најмладиот во тимот, голманот Андреј Данстак (2006).
Кадети:
1. Стефан Стојановски -900
2. Никола Величковски -900
3. Андреј Данстак -900
4. Симеон Здравковски -898
5. Кристијан Таневски -890
Кај младинците блиску до бројката од 900 минути беа двајца играчи, кои имаа еднаков број на поминати минути на терените.
Младинци:
1. Филип Ѓоргоски -872
2. Марио Ричков -872
3. Ѓорѓи Дошев -840
4. Гоце Јовчев -810
5. Антонио Мирков -789