Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар: Изминатата 2021 беше историска за нашиот клуб
Куглање: Вардар: Изминатата 2021 беше историска за нашиот клуб

Куглање: Вардар: Изминатата 2021 беше историска за нашиот клуб

Кугларскиот клуб Вардар на својата официјална страница даде видување за веќе изминатата 2021 година во која прв пат стана Шампион на Македонија и за очекувањата во оваа. Објавата ви ја пренесуваме во целост:

2021 беше историска за нашиот клуб. Започна отежнато од сите аспекти, пандемиска со многу неизвесности и стравови, што поради здравјето на сите нас, што поради “висењето” на конец за одржување на кугларската лига. Кога се изгледаше безнадежно, кога 2 клуба го откажаа учеството во лигата, Вардар ја направи првата кугларска револуција во историјата на македонското куглање со преку 17 членови и одлука за учество на Б машки тим на Вардар, нешто што прилега само на светски револуционерни тимови во кој било спорт чија цел е само и единствено само спортскиот напредок.
Свесно го разводнивме нашиот квалитет на сметка на квантитет.
Го дополнивме ростерот со името на легендарниот Коста Манев, ја грабнавме приликата да го ангажираме иако ветеран и надвор од врвна натпреварувачка форма. Во него го добивме можеби она што ни фалеше, сигурност и покачена самодоверба.
И тогаш се случи втората револуција, долгоочекуваното чудо на кугларската македонска сцена, го симнавме неприкосновениот дводецениски владетел од тронот во натпревар за кугларска историја, Вардарска историја, награда за нашата 7 годишна макотрпна работа, сонот наш од 2014 да биде остварен. Станавме и сме актуелни шампиони на Македонија.
Најверојатно голем дел од нашите членови за новата 2021 ја посакале силно токму оваа желба и некој таму горе јасно не слушна.
За новата 2022 само искрено посакуваме здравје и спорт кој не запира. Се друго доаѓа само по себе.
Искрени желби од Диме, Даре, Коки, Бране, Тони старото, Коки момче бабаче, Ѓоре, Саша, Зоки, Гиевски, Були, Столе, Драги, Ивица, Мартин, Бубе, Милош…и доскорешниот интернационалец во нашите редови кој се врати во матичната држава, Згоне