Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ги ,,пали моторите” на 10-ти
Вардар ги ,,пали моторите” на 10-ти

Вардар ги ,,пали моторите” на 10-ти

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Никола Глигоров првата прозивка во новата година треба да ја направи на 10-ти, во понеделник во тренинг базата во населбата Хиподром.

Вардарци значи во понеделник ќе означат старт на подготовките во својата база каде ќе тренираат се до заминувањето за Анталија кое е предвидено на пет-шест денови пред крајот на овој месец.

Интересно ќе биде да се види и кој се ќе се појави на првиот тренинг во новата година. Според нашите информации, Филип Гачевски и Дарко Мицевски се новитети исто како и Бенјамин Демир, кој поради повреда ќе биде надвор од терените извесно време. Вардар во овој момент преговара со низа на потенцијални засилувања, а едно од нив е Филип Дурански.