Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Петар Мицевски: Вардар е најдоброто од Македонија, без разлика кој ќе биде наш предводник во новата сезона, се надевам дека ќе успееме и по четврти пат по ред да станеме шампиони на Македонија
Петар Мицевски: Вардар е најдоброто од Македонија, без разлика кој ќе биде наш предводник во новата сезона, се надевам дека ќе успееме и по четврти пат по ред да станеме шампиони на Македонија

Петар Мицевски: Вардар е најдоброто од Македонија, без разлика кој ќе биде наш предводник во новата сезона, се надевам дека ќе успееме и по четврти пат по ред да станеме шампиони на Македонија

Петар Мицевски е следниот млад и надежен играч на Вардар, со кој нашиот медиум ќе го направи следното интервју. Петар е дел од шампионската генерација на ФК Вардар, играчи кои се родени 2007 година, која успеа и трет пат по ред да го освои првото место во детската лига и да докаже дека се најдобри во Македонија, во својата возрасна категорија. Борбеноста и упорноста се главните одлики кои го красат овој играч, кој не знае за изгубена топка на теренот. Многу важен играч за својата екипа, од кој зависат многу работи на теренот. Запознајте го Петар Мицевски, кој ќе ни открие за себе и за неговите настапи во вардаровата генерација “2007“.

20604554_104812526899062_6901992384793839607_n

1. Како се случи да започнете да играте фудбал, од каде произлезе желбата за овој спорт ?

-Како мал имав желба да играм многу со топка, и времето го поминував најчество во парк шутирајќи на кош или на гол и по некое време кај мене се појави ограмна желба за тренирање фудбал.

2. На колку години започнавте да тренирате , кој беше вашиот прв клуб и тренер со кој имавте можност да работите ?

vardarfans-micevski

-Започнав да тренирам на 6 годишна возраст , во фудбалскиот клуб ФК Вардар и прв тренер ми беше Зоран Петковски со кој ги научив првите фудбалски потези и тајни на фудбалот.

3. Како Петар ја гледа фудбалската игра и што е најважно за успех во истата ?

-Фудбалската игра ја гледам како место за дружење и забава , каде што е најважно да постигнеш еден гол повеќе од противникот. Најважно за успех во фудбалот, како и во секој спорт, е дисциплината и упорноста.

vardarfans-naslovna-24-660x330

4. Со вашата генерација и по трет последователе пат успеавте да станете шампиони на Македонија. Како вие ја видовте сезоната и дали беше тешко да се одбрани трофејот, со оглед дека на имаше натпревари во елиминацискиот дел и на завршниот турнир, кога бевте во негатива ?

-Пред почетокот на елиминацискиот дел од Детската Лига, нашата генерација учествуваше на турнир во Загреб, Хрватска. Само што пристигнавме во Скопје, истиот ден ги започнавме елиминациските натпревари од Детската Лига и за шест дена требаше да изиграме и победиме на седум натпревари. На некои од нив пред се поради замор, натпреварите ги започнувавме со негатива. Но во тие моменти не се предававме и бевме сигурни дека и покрај негативата, која на некои натпревари беше и до два гола, дека на крај ќе победиме.

29511282_159222021458112_2393122158333830527_n

5. Во сезоната која измина, настапивте на неколку меѓународни турнири. Кој според вас беше најсилен, со најквалитетни екипи ?

-Во измината сезона настапивме на неколку меѓународни турнири во нашата држава како и во соседството односно во Србија,Бугарија и Хрватска. За мене лично најквалитетен турнир и воопшто најдобро организиран беше тој во Загреб , Хрватска каде што скоро сите екипи беа квалитетни и немаше лесни натпревари за нас.

6. Новата сезона најверојатн ќе ја започнете со нов тренер. Некако се навикнавте со Томче Трајановски, со кој на два пати успеавте да ја освоите детската лига. Колку можат промените на тренери да влијаат врз една генерација и дали ќе биде тешко и потребно време да се прилагодите на нов начин на работа ?

34278640_180758559304458_6089023483986051072_n

-Оваа генерација е некако посебно поврзана со тренерот Томче Трајановски, пред се поради тоа што ние како генерација пред три години за прв пат успеавме , во нашето прво учество под водство на тренерот Томче да ја освоиме Детска Лига на ФФМ , а и за тренерот Томче Трајановски тоа беше прв трофеј во детските категории по неговото доаѓање во ФК Вардар. Ова година повторно со тренерот Томче Трајановски успеавме во нашето трето учество во Детска Лига на ФФМ да станеме шампиони и трета година по ред.

34258733_180758572637790_586016917098070016_n

-Што се однесува до промената на тренерите, секој тренер си има свои замисли и свои идеи на тренинзи и потребно е малце време да се привикнеме на новиот начин на работа. Секоја промена има и негативни и позитивни влијанија врз нас, но се надевам без разлика кој ќе ни биде предводник во наредната сезона, дека ќе успееме и по четврти пат по ред да станеме шампиони на Македонија.

7.Кој е првиот синоним што ве потсеќа, кога ќе слушнте за името Вардар ?

-Вардар е најдоброто од Македонија и синоним за фудбалот во Македонија.
27658057_1582633978472777_3820896308270476188_n-1

8. Со оглед дека три години по ред сте најдобри во својата генерација, која е тајната на успехот во вашата екипа ?

-Тимскиот дух и колективна игра пред индивидуалноста е тајната за успех на нашата генерација. Ние како генерација приватно сме другари и тоа другарство го проектираме и за време на самите натпревари.

9. Дали имате некоја посебна желба, или цел која сакате да ја исполните во иднина ?

Во иднина имам желба да играм фудбал во познат клуб во Европа , како и да настапувам за нашата фудбалска репрезентација.

Звонк0 Ивановски