Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардаровата експедиција замина за Ереван, каде во четврток го игра првиот дуел против Пјуник
Вардаровата експедиција замина за Ереван, каде во четврток го игра првиот дуел против Пјуник

Вардаровата експедиција замина за Ереван, каде во четврток го игра првиот дуел против Пјуник

Утрово, вардаровата експедиција замина за Ереван, каде во четвреток ќе го одиграат првиот натпревар 1. квалификациско коло во Лигата на Европа против тимот на Пјуник. Познати се и патниците за овој прв дуел, а меѓу нив не се голманот, Кироски, како и Виктор Нилдо Јуфо, кој поради повреда останува во Скопје. Од младинскиот погон за Ереван отпатуваа голманот, Методија Велковски, како и Адем Али и Јакуп Бериша. Тука се и новите засилувања, Лира и Херанц.

18535-crveno-crnite-trgnaa-kon-erevan

Списокот на фудбалери кои заминаа во Ереван: Филип Гачевски, Филип Илиќ, Методија Велковски, Горан Попов, Тигран Барсегјан, Евгениј Новак, Максим Максимов, Владица Брдаровски, Матеј Цветаноски, Тодор Тодороски, Алекс Талески, Јован Попзлатанов, Кристијан Тошевски, Николас Херанц, Коста Манев, Дарко Мицевски, Филип Најдовски, Али Адем, Бесар Исени, Јакуп Бериша, Кларенс Битанг, Вилијан Лира.

Дуелот во четврток ќе започне од 16:00 часот. Очекуваме позитивен резултат, пред реваншот кој за седум дена е закажан да се одигра на арената “Филип Втори“.