Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шестта последователна година, РК Вардар главниот дел од подготовките ќе го одработи во Крањска Гора
Шестта последователна година, РК Вардар главниот дел од подготовките ќе го одработи во Крањска Гора

Шестта последователна година, РК Вардар главниот дел од подготовките ќе го одработи во Крањска Гора

По првиот собир на 24-ти месецов и лекарските прегледи во Скопје црвено-црната експедиција ќе замине за Словенија. Шестта последователна година, клубот се решава главниот дел од подготовките да го одработи тука. Крањска Гора се наоѓа помеѓу Словенија, Италија и Австрија, а познато е по прекрасниот пејсаж.

Ова место е домаќин на светскиот куп во скијање – Покала Витранц, т.е. на натпреварот на Светскиот куп во скијачки скокови во Планица. Ова висинско место нуди одлични услови за работа, а црвено-црните петтаа последователна година се одлучуваат главниот дел од подготовките да го реализираат токму на ова место. Покрај физичката и кондиционата подготовка на момците, ќе се работи паралелно во сала и теретана. Покрај Вардар, словенечкиот спортски комплекс го користат и многу други познати спортски клубови во Европа.

Ланскиот пречек на вардарци во К.Гора

Ланскиот пречек на вардарци во К.Гора

Во Крањска Гора е предвидено да се остане се до 9-ти август, каде покрај кондиционата подготовка, тимот со новиот тренер, Гарсија Парондо и новите играчи кои ќе пристигнат, треба да се воигрува за предизвиците кои им претстојат во новата сезона. Од К.Гора, вардаровата експедиција ќе се упати директно за Германија, каде ги очекува првиот силен меѓународен турнир, а тоа е “Хеиде куп“. Според распоредот, Вардар ќе отвори со екипата на Хамбург на 10-ти август, со почеток од 20:15 часот. Во зависност од исходот на овој дуел, ќе го добиме противникот во следниот ден. Учесници на овој турнир ќе бидат и тимовите на Монпелје, Фуксе Берлин, Кристијанштад и Лајпциг.