Заврши првата фаза од изборот на најдобри млади таленти кои добија стипендии од Македонски “Телеком“. Изминатиов викенд на Академијата на ФК Вардар, стручните лица во младинската школа на клубот преку натпревари ги избраа најдобрите 30 дечиња од оваа прва фаза. Меѓу нив се наоѓаат и играчи кои се дел од младинските генерации во ФК Вардар. Тренерите од ФК „Вардар“ ја анализираа играта на секое дете и ги прогласија 30-те најдобри таленти, добитници на фудбалски стипендии во Академијата за фудбал „Вардар“.
Стипендии добија: Николај Накевски, Павел Котески Митровски, Александар Грашески, Ангел Настевски, Вилијам Ангеловски, Давид Колевски, Давор Лефковски, Дамјан Крстевски, Даниел Колевски, Јаков Стојковски, Лео Манчев, Марко Крстевски, Марко Петровски, Матеј Гаштаров, Петар Мицевски и Стефан Младеновски. Сите тие настапуваат за ФК Вардар.
Пријавувањето во втората фаза ќе трае до крајот на август, а натпреварите и доделувањата на новиот циклус стипендии ќе се случат во почетокот на септември 2018 година. Во втората фаза ќе се доделат уште 20 стипендии.